Вишото обвинителство по втор пат одлучува за тоа дали Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК предвреме ќе излезе од затвор. Откако Кривичниот суд го одби неговото барање за условен отпуст, а Вишото обвинителство даде негативно мислење, сега поради надополнетата жалба на Мијалков предметот повторно се најде на истата адреса – пренесува Телма.
Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби 3 години затвор. Законот им овозможува на осудениците по истекот на половина од казната и поради добро поведение, да можат да бараат скратување на казната. Мијалков казната ја издржува во затворот во Струга, откако ја смени адресата на живеење.
Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќура за Телма вели дека дал позитивно мислење за условен отпуст на Мијалков.
По мислењето од Вишото обвинителство, крајниот збор го има Апелација.
Целиот текст на следниот линк:
Директорот на затворот во Струга оценил- Мијалков ги има исполнето условите за условен отпуст





