Директорот на Канал 5 за Пендаровски: Ништо не е поопасно од твојот романтичен изблик кон Борисов

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски реагира на оценките на екс претседателот на Македонија Стево Пендаровски кој во интервју за неговата телевизија зборуваше за наводни опасности од однесување на актуелните македонски власти.



Според Мирчевски ништо не е поопасно од романтичниот изблик на Пендаровски кон екс бугарскиот премиер Борисов кого пред неколку години го нарече Љубави или како што тврди Пендаровски Хубави или убав на македонски јазик.

,,До лицето С.П.
Грешка си, ништо не е поопасно од романтичниот ти изблик упатен до мачоменот Боле – “Љубави, како си ми”.
И стварно, оттогаш не излеговме од нивните љубоморни “прегратки”, пишува Мирчевски до Пендаровски по интервјуто за Канал 5.

Мирчевски постот на социјалната мрежа LinkedIn го објавува со хаштазите:
#macedonia #bulgaria #my_love #jealous #guy

Во прилог е објавено и видеото кога Пендаровски го искажува својот романтичен однос кон Борисов