Директорка на 29 години не знае македонски јазик, и преведуваат две секретарки, на работа оди со татко и

Новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника, дознава МКД.мк од извори во клиниката. Дополнително, велат тие, таа не ретко на работа доаѓа со својот татко кој постојано е со неа како да е нејзино обезбедување.



„Ја видовме само еднаш кога дојде да се претстави. Тоа што го кажуваше го читаше од ливче на исклучително лош македонски јазик. Неколку пати ја видовме како низ ходниците оди со татко ѝ кој личи како да е нејзино обезбедување“, велат нашите извори.

Од Министерството за здравство за МКД кусо одговориле дека Иљази е назначена за директорка на Клиниката за токсикологија на 14 февруари годинава.

„Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година, секоја универзитетска клиника според законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор. Таа има завршено економски факултет, со претходно работно искуство во струката“, пишува во одговорот од Минстерството за здравство.

Оттаму не одговорија на прашањата дали до Министерството за здравство стигнале поплаки за нејзината работа и од која работна позиција Иљази доаѓа како економски директор на Клиниката за токсикологија.

Но, од јавно достапните информации МКД.мк најде дека таа завршила Економски факултет на Тетовскиот универзитет и дека претходно била вработена во одделението за финансии во општина Тетово, но и во кабинетот на заменик министерот за култура Седат Сулејмани. Но од ова министерство велат дека Бесија Иљази никогаш не била вработена таму.

Сите детали на мкд.мк