Необична и инспиративната приказна на Јорданка Мавродиева е пример за тоа дека се учи додека е жив.
На 64 години се запишала на факултет и го завршила со просек 9,8, пишува порталот Факултети
„До 2018 година бев електроинженер. Се пензионирав како системски инженер во јавна здравствена установа. На 64 години во 2019 година се запишав на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје и дипломирав во 2023 година со просечна оценка 9,81“, вели Јорданка, меѓу студентите позната како Данче.
На прашањето што ја мотивирало на 64-годишна возраст, на крајот од нејзината работна кариера, да се одлучи на ваков чекор.
„Ако растеш со животните приказни на баба ти, дедо ти, прабаба, татко ти и цела нација, јасно е дека голготата ќе биде одлучувачка при формирањето на животните ставови. Дел од Егејот, тоа беа луѓе кои беа тепани и убиени затоа што зборуваа на мајчин јазик, затоа во мојата куќа имаше култ на македонскиот јазик и за Блаже Конески се зборуваше со најголема почит“
„Седев на маса со деветнаесетгодишни ученици и учев толку интензивно како мојот живот да зависи од тоа. Многу луѓе ме поддржаа, некои од моите пријатели ме замолија да им кажам каква материјална корист добив од оваа голема заложба, но најважно од се – семејството ме поддржа без резерва. Знаете, би било тешко целосно да се посветите на учењето ако оние околу вас не одобруваат. Моето учење ми даде мир и спокој“, вели Јорданка за Факултети.мк.
„Мора јасно и гласно да се кажат сите факти, за никогаш да не се скрие вистината и со тоа да се даде оружје во рацете на оние кои имаат аспирации за нашиот јазик, идентитет, историја. Мора добро да го знаете мајчиниот јазик, да го користите со гордост, да се трудите да зборувате и пишувате правилно“, вели таа.
Преку овој нејзин необичен чекор Јорданка им порачува на сите млади да го знаат својот мајчин јазик, да го учат добро затоа што не можеш да учиш странски јазик без да го знаеш мајчиниот јазик.
И професорите и студентите се фасцинирани од нејзината љубов кон македонскиот јазик, од нејзиниот нагон за континуиран напредок, пишува Факултети.






