Бившиот министер за надворешни работи Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ уште еднаш се осврнува на Преспанскиот договор што го потпиша од аспект на промената на власта во Македонија.



„За прв пат откако го решивме прашањето, раководствата и во Атина, и во Скопје се политички сили кои јавно се спротивставија на пресвртниот договор од Преспа. Ова ќе биде тест за нашиот историски компромис, бидејќи нема чувство за сопственост во ниту еден од двата главни града. Напротив, нивниот дискурс е критикуван. Во справувањето со проблемот со името во најголемиот дел од мојот професионален живот – веројатно ми стана примарна вокација – научив целосно да ги разбирам грижите и чувствителноста на двете страни. Зачудувачки е колку мала е свесноста и во Грција, и во Северна Македонија за тоа колку е тежок компромисот за другата страна. Постои само ценење на сопствените отстапки.

Добрата вест е што и ВМРО-ДПМНЕ, и Нова демократија немаат апетит да го урнат мостот што толку макотрпно го изградивме. Тие се во позиција да ги берат плодовите од договорот, а за воочените недостатоци ги обвинуваат своите претходници. Меѓутоа, на долг рок, мостот може да се урне без грижа и одржување. Клучното нешто овде ќе биде одговорното лидерство во приближувањето на двете паралелни реалности“, вели Димитров во интервјуто.

„Искрено, имаме премногу да изгубиме и премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат“, смета тој.