Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски, потпиша четиригодишен договор со шпанскиот великан Валенсија, на чиј гол ќе стои до јуни 2028 година, објави на Твитер италијанскиот спортски новинар и експерт за трансфери Фабрицио Романо.
„Се дознава дека македонскиот голман веќе ги комплетирал медицинските тестови како нов играч на Валенсија, готово е сè.
Договорот е валиден во следните четири години, до јуни 2028“, твитна Романо.
Димитриевски во Валенсија доаѓа од Рајо Валјекано, чиј дрес го носеше од 31 јануари 2019 година, а сезонава беше еден од најдобрите поединци во тимот со 13 натпревари без примен гол.
„Трансфермаркт“ проценува дека 30-годишниот кумановец во моментов вреди 4 милиони евра.






