Димитриевски: ЗНАМ испишува историја, се роди третата политичка сила во македонскиот блок

Лидерот и претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, изрази задоволство од резултатите на неговата партија по првиот круг на изборите за шеф на македонската држава.



„Голема чест за мене е што денеска ЗНАМ испишува нова политичка историја на македонската политичка сцена. Се роди третата политичка сила во македонскиот блок, којашто имаме намера во следниот период да ја надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што дадоа поддршка за мене како кандидат и за нашето движење. Денеска победи демократијата и победи Македонија. А тоа е нашата цел. ЗНАМ има цел да ги обединува, а не да ги разединува граѓаните“, рече градоначалникот на Куманово во обраќањето од изборниот штаб на ЗНАМ.