Почитуван мој претседателе, разликата е огромна, доколку сакате да опстане централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во име на граѓаните во вториот круг, му порача синоќа претседателскиот противкандидат Максим Димиѕтриевски предложен од Движењето ЗНАМ на актуелниот претседател ббСтево ПОендаровски на државата кој вчера заврши за 175.000 гласови зад кандидатката Гордана Силјановска



Тој на претендент за втор мандат, Пендаровски, му предочи дека во македонскиот политички блок е родена третата политичка сила која ја испишува новата политичка историја.

Димитриевски оцени дека по парламентарните избори на 8 мај, Движењето ЗНАМ ќе стане политички фактор на стабилност во државата без кој, како што рече, нема да може да се формира идната влада.

„Регистриравме политички субјект којшто постои нешто повеќе од три месеци и се етаблираше со граѓанската поддрша на трето место во политичкиот блок…

Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери да има партија со некаде три и пол илјади членови, а да освоите  над 80 илјади гласови. Искрено сум горд на секој еден глас којшто дојде како поддршка за мене и за нашиот политички субјект.“ дече меѓу другото Димитриевски.