„Овој случај е монтиран и единствено што сакаат е да ми наштетат од највисокото актуелно и поранешно раководство на власта, а тоа се сегашни и поранешни претседатели и вечни министри“, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски по денешното прво и веднаш одложено рочиште за злоупотреба на службена положба и овластувања.
Тој е обвинет по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ за случај со недобивање дозволи за градење на висококатници во Кумановои веднаш одложено рочиште Димитриевски.
„ Ниту сум спречил, ниту ќе спречам некој да гради згради висококатници, но кога се работи за училишта, медицински објекти, тоа е јавен интерес и јас сум должен да го штитам.
Ова е фарса во контекст на избори и сметам дека ќе доживее фијаско, ќе оставиме на времето.
Ќе се заложам максимално од позицијата за која претендирам да го демонтираме овој судски систем кој постои во соработка со обвинителскиот и МВР во целост“, изјави Димитриевски зановинарите.
Како што кажа, континуирано се случуваат нарачки од „високи“ носители на политички функции од власта, „во случајот лидери од СДСМ“ за кои рече ги злоупотребуваат институциите.
„Тие се лидершипот на власта, претседатели, потпретседатели, поранешни носители на високи функции „вечни“ министри …
Судењето е одложено за 30 април п затоа што неговата одбрана побара време да биде запознаена со новите докази што денеска ОЈО Куманово ги предложи како нови пред судот.





