Димитриевски: Без ЗНАМ нема да има Влада, целиме на двоцифрен број пратеници

Кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски, самоуверен пред претстојните избори, на кои неговата партија ќе дебитира.



„Во оваа трка не влеговме да спасуваме никого, нашата агенда е јасна и немаме намера да бидеме приврзок на ниту една власт. Без ЗНАМ нема да има Влада. Целиме на двоцифрена бројка на парламентарните избори, а во најмала мера ќе имаме парламентарна група“, изјави тој во „Само интервју“ на Канал 5.

Слични очекувања Димитриевски има и од претседателските избори, на кои ќе биде еден од седумтемина кандидати и во која, како што вели, влегува за да победи, а не само да учествува! Тој е против барањето од албанскиот политички блок во Македонија шефот на државата да се избира во Собранието, а не како сега на непосредни избори.

„Како претседател на Македонија нема да бидам послушник на законодавната и на извршната власт, туку ќе ги спроведувам законите и нема да дозволам некој да ми кажува што да правам“, порача лидерот на ЗНАМ.