Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска вели дека компаниите можат да работат и во недела, одговарајќи на прашањето дали ќе се укине мерката „недела неработен ден“.
Отсекогаш сум велел дека ако сака некоја фирма да работи може, но дневниците да бидат повисоки“, рече Кочоска во емисијата „Бизнис“ за ТВ21.
Министерката соопшти дека Управата за јавни приходи извршила увид на улицата популарн наречена „Пластичарска“ и на Бит Пазар.
При инспекцијата „затворени се неколку дуќани, а фирмите се казнети“, рече министерката.
Таа објасни дека целта на контролите не била затворање на продавници и казнување на фирмите, туку воспоставување коректни услови за сите фирми.
„Оние фирми што се чесни, работат, плаќаат даноци, немаат проблем со законот – продолжуваат да работат.
Нашиот фокус е на оние компании кои прават злоупотреби“, рече Димитриеска Кочоска, пренесе Телеграфи.






