@Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување“ вели кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, според кој, при вработување, треба да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат.



„Освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски денеска во Куманово.