Откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на Европскиот фронт за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино, Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прогласи за конечни резултатите од изборите во Шестата Изборна единица.



Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“, потврдено решението на ДИК за прегласувањето во Желино

Претседателот на ДИК Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица Коалицијата „Европски фронт“ има осум мандати, ВРЕДИ исто така 8, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и Коалицијата за Европска иднина еден.

Воедно, на седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од ВРЕДИ ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа, пренесе A1.On