Евертон може да биде спасител на Диего Коста кој ризикува да не игра фудбал во следната сезона или барем до јануари 2018. година. Клубот од Ливерпул се понудил да биде мост за премин на шпанскиот репрезенативец од Челзи во Атлетико Мадрид што е основната желба на Коста, но е невозможно за изведба заради суспенијата на сите трансфери на клубот од Висенте Калдерон. Челзи секако нема да пропушти да го казни напаѓачот кој не сака да тренира и тоа со 3,2 милиони евра.



Овој трансфер не би го трошел Евертон премногу што е еден од условите зошто „карамелите“ вчера го комплетираа преминот на Гилфи Сигурдсон во Свонси за клупски рекорд од 49 милиони евра.