Подобрување на работата на партијата, активности со претседателската кампања, пријавување волонтери во кампањата – Јован Деспотовски во трката за шеф на СДСМ, отвори и веб сајт. На интернет страницата членовите на СДСМ ќе можат да се информираат за неговата програма, но и да предложат идеи за дејствувањето на партијата.
„Веќе е активен нашиот нов вебсајт https://novpocetok.mk/ .
Тука можете:
детално да се информирате околу нашата програма и заложби;
да предложите ваша идеја за тоа како да го подобриме работењето на партијата;
да се информирате за активностите поврзани со претседателската кампања;
да се пријавите како волонтери во кампањата.
Благодариме на сите кои веќе покажа желба да помогнат за Нов почеток и Нов СДСМ“, напиша тој на Фејсбук.





