„Работиме на нов смел концепт за повторното раѓање на СДСМ. Концептот е втемелен на “ние“, а не на “јас“ со цел да обединува, а не да фаворизира“, објави на Фејсбук Јован Деспотовски ,м актуелен директор на ТИРЗ кој е и потенцијален кандидат за иден претседател на СДСМ.
Воведуваме систем во кој кандидатите за клучни позиции, како пратеник и градоначалник ќе се бираат од членовите, а не од раководството. Само така ќе бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот и партиската елита. Само така можеме да изградиме силна и транспарентна партија која ќе работи во интерес на сите граѓани“, објави тој на фејсбук.






