Јован Деспотовски, актуелен директор на ТИРЗ од медиумите дознал за оставката на Димитар Ковачевски од лидерската позиција во СДСМ и смета дека е задоцнет чекор, но сепак во вистинска насока.



“Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока.

Мораше да се случи многу порано“,  рече Деспотовски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

Деспотовски вели дека очекува овој чекор да го следат и сите останати членови на раководството на партијата за да може веднаш да се премине во делот на отворена дискусија за тоа кои се причините за овој, како што рече, катастрофален дебакл.