Течат роковите за Конгрес на СДСМ на кој кој се надевам дека нема да дискутираме за тоа кој е одговорен за изборниот пораз туку ќе се фокусираме на важните работи, а тоа е анализа на тоа што ни се случи, кои се причините“ рече Јован Деспотовски директор на ТИРЗ на поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.



Тој вели дека СДСМ пред седум години поттикна супер енергија во општеството и луѓето добија надеж за промени на подобро.

„Должиме одговори на тие прашања на нашите членови, па после и сите граѓани на општеството, каде потфрлиме сериозно“, рече Деспотовски.

Според него бројот на луѓето со прогресивни ставови со години наназад се намалува, пренесува порталот БРИФ

„Прогресивноста еродираше во изминатиот период, дали заради тоа што луѓето се повлекле и тргнале настрана или едноставно ги снемало во државата. Имавме ситуација во 98-ма кога се случи пораз и смени власта догаш.

Во 2002 СДСМ се врати на голема врата.

Кога зборуваме за прогресивниот елемент, односно оние кои даваат глас на СДСМ, критичната маса тогаш била голема.

Во 2016 година тој процес на отселување и пасивизација беше помала, но беше доволно гласна да поттикне други сегменти во општеството. Многу малкунаправивме да ги задржиме“ посочи Деспотовски.