Најмногу злато складираат десет држави во светот покажуваат податоците на Светскиот совет за злато (WGC) за 2024 година. Најновата листа открива значајни скокови на две земји – Кина и Индија,
Соединетите Американски Држави остануваат на прво место со 8.133,46 тони злато, непоколебливо на врвот без промени од вториот квартал на 2024 година.Германија го зазема второто место со 3.351,53 тони. Италија е трета со 2.451,84 тони.Франција е четврта со 2.436,94 тони.Кина значајно напредуваше на петтото место со 2.264,32 тони, благодарение на активните откупни политики. Швајцарија е на шестото место со 1.039,94 тони. Индија направи огромен скок од деветтото на седмото место со 853,63 тони, благодарение на агресивното зголемување на резервите од страна на централната банка.Јапонија е на осмото место со 845,97 тони.Холандија има 612,45 тони и е деветта.Турција го заокружува топ 10 со 595,37 тони и е меѓу петте земји со најголеми зголемувања на златните резерви во 2024 година






