Десетици убиени во израелски удар на зграда во Газа

Десетици Палестинци беа убиени или ранети во израелски напад врз катна станбена зграда во градот Беит Лахија во северниот дел на Газа денеска, изјавија медицинските лица за Ројтерс.



Израелски борбени авиони рано утрото погодија 5-катница во градот, изјави извор за агенцијата Анадолу.

Не се знае точно колку луѓе загинале. Палестинските служби за итни случаи соопштија дека во зградата живееле околу 70 луѓе.

Канцеларијата за медиуми на владата во Газа, која ја води Хамас, објави дека бројот на загинати е 72.

Израел веднаш не ги коментираше извештаите, но често ја обвинува медиумската канцеларија на Хамас за преувеличување на бројот на жртвите.

Израелската војска минатиот месец испрати тенкови во Беит Лахиа и блиските градови Беит Ханун и Џабалија, најголемите од осумте историски бегалски кампови во Газа, велејќи дека целта е да се бори против милитантите на Хамас кои вршат напади и да ги спречат да ги обноватсвоите сили.

Армијата соопшти дека убила стотици милитанти во областите, чии жители рекоа дека израелските сили ги отсекоа од градот Газа.

Во израелски воздушен напад претходно денеска загинаа најмалку 10 лица во кампот Буреиџ во централниот дел на Појасот Газа кога проектил погоди куќа, соопштија болничарите.

Уште четири лица се убиени во блискиот камп Нусејрату, додаваат тие.