На најголемите демонстрации од почетокот на војната на Израел во Газа синоќа десетици илјади луѓе демонстрираа во Ерусалим против владата на Бенјамин Нетанјаху.



Во Тел Авив, некои семејства на заложници и нивни поддржувачи го блокираа главниот автопат, протестирајќи против, неуспехот на Нетанјаху да ги врати нивните најблиски.

Протестните групи, вклучително и некои кои ги предводеа масовните демонстрации што го потресоа Израел во 2023 година, го организираа собирот пред парламентот, Кнесетот, повикувајќи на нови избори за смена на владата.

Кабинетот на Нетанјаху се соочи со широки критики поради безбедносниот неуспех на нападот на Хамас врз јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа земени како заложници во Газа.

„Оваа влада е целосен и целосен неуспех“, рече еден од учесниците на мнитинготмитингот. „Ќе не одведат во бездна“.

Демонстрантите , исто така, побараа да се укине „правото“ на ултраортодоксните Евреи да бидат исклучени од воена служба, пренесе Ројтерс.

Околу 600 војници се убиени досега од нападот на Хамас на 7 октомври и последователната војна во Газа, што е најголем број на жртви на војската во последните години.