Десетина ученици повредени во нов предизвик на социјалната мрежа Тик ток (ВИДЕО)

Станува збор за опасен предизвик кој се шири меѓу средношколците, но и поголемите основци. Меѓу повредите има и лица кои се здобиле со посериозни скршеници.



Тешко повредено осумгодишно дете од Скопје – нова жртва на „СУПЕРМЕН ЧЕЛИНЏ“

Поради „играта“ „Супермен челинџ“ која е актуелна на Тик-Ток, средношколец во училиштето „Михајло Пупин“ заврши во болница.

Во „играта“, ученикот во втора година во училиштето, вчера на големиот одмор паднал и се онесвестил, па завршил на снимање во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Предизвикот е следен- група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе.

Предупредување стигаат од сите страни- и за родителите да внимаваат и да алармираат за опасноста кај своите деца и за децата да не наседнуваат на опасниот тренд!

Докторите предупредуваат дека ваквите предизвици се многу опасни и повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.

@petaros5

#superman #trendingvideo #fypシ #fypシ

♬ original sound – .hamzz03