Еурофарм Пелистер славеше со 35:33 во суперлигашкото дерби со Вардар во Битола, но „црвено-црните“ ќе бидат пред шампионот на табелата во случај на ист број бодови како сега благодарејќи на победата од 27:24 во Скопје.
Пелистерци на полувреме водеа со 22:13, за во второто да дозволат лутиот ривал да се приближи само на минус еден (33:34), пред Богдан Радивоевиќ да ја обезбеди победата на домашниот тим со својот 13. гол!
Покрај српското лево крило, кај битолчани во нападот се издвои капитенот Филип Кузмановски со 8 погодоци, а голманот Никола Митревски забележа 12 успешни интервенции.
Во редовите на двократниот освојувач на Лигата на шампионите најефикасни беа бековите Младен Крсманчиќ со 9 реализации и Стефан Петриќ со 6, а Васил Гогов запиша 7 одбрани, сите во вториот дел.






