Денес официјално ќе биде пуштен во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид – Св.Наум во должина од 24,3 километри. На настанот ќе присуствува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски. Инвестиционата вредност за возобновување на овој патен правец е 11,7 милиони евра, кои се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
„Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и прегледност на патот, се изврши и растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и се монтира заштитна челична мрежа на косините.“ – нагласија од Јавното претпријатие за државни патишта. Со возобновувањето на оваа главна туристичка сообраќајна делница се зголемува безбедноста во сообраќајот и се осигурува добра патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.
Home Македонија Денес ќе биде предаден во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид–Свети Наум од...






