Одлуката за обвинети за тероризам на кој им се суди за терористичките напади во кумановското „Диво Насеље“, во мај 2005 година ќе биде соопштена денеска од Основниот суд 1 во Скопје..
Судскиот процес против 37 обвинети за терористичко организирање започна на 9 февруари 2016 година.
Акцијата во кумановската дива населба започнала рано утрината во 04:30 часот во саботата на 9 мај и траела речиси непрекинато 28 часа, сѐ до 10:00 часот во неделата на 10 мај. Акцијата завршила со целосно неутрализирање на терористичката група, од која дел ѝ се предале на македонските власти.
Настаните во Куманово се случиле во период на сериозна политичка криза во Македонија и во период кога,ж од 5 мај, започнаа антивладини протести.
Во нападите во кумановската населба “ Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година загинаа 8 припадници на безбедносните сили, а 37 беа повредени.
Околу триесетина членови на терористичката група се предала безусловно на полицијата, а биле пронајдени 14 тела во униформи.
Зголемени безбедносни мерки поради закажаното судско рочиште и пренасочување на сообраќајот по дел од крстосниците низ Скопје ќе има и денеска.





