Денес, на 30 јуни 2024 година, со почеток во 10.30 часот, пред Споменикот на децата-бегалци во паркот „Жена-борец“ спроти Собранието на Република Македонија ќе се одржи традиционалното одбележување на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година и на 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година. Македонската национална химна “Денес над Македонија“ ќе биде во изведба на оперскиот пејач Кристијан Антовски.
Присутните ќе ги поздрави Александар Јаневски, претседателот на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН. Делегации на присутните ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на децата- бегалци од Егејскиот дел на Македонија.
Во 11.00 часот во големата сала на Социјалистичката партија на Македонија до Градската болница “Свети Наум Охридски” во Скопје, на булеварот “11-ти Октомври” број 17, ќе се одржи годишно Собрание на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.





