Променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи предвидуваат метеоролозите за денеска.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, додека максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени





