По вчерашниот случај во Охрид каде што во градската болница почина двегодишно дете и неколкуте смртни случаи на клиниката за гинекологија во Скопје денеска во Струга уште еден трагичен случај.
Според извори од струшката болница утринава во приемното одделение било донесено починато седуммесечно бебе.
Болничкиот персонал сеуште ја утврдува причината за смртта а јавното обвинителство во Струга досега не дало налог за обдукција на телото.
Вчера во Охрид по неколкудневно лекување на детското одделение почина двегодишно девојче.
Смртта на неколку деца во македонските болници во краток период предизвика политички препукувања меѓу двете најголеми партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ.
Опозицијата обвинува дека новите мерки во здравството се директна причина за големиот број на смртни случаи на деца.
За СДСМ која во опозиција остро ја критикуваше поранешната власт за големата смртноста на новородени деца, последните случаи се последица на лошите здравствени политики на ВМРО – ДПМНЕ.
Досега ниту еден политичар или функционер од здравствените власти не понесол одговорност за енормниот број на починати деца за краток период.





