Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска од 12 часот на Граничниот премин „Табановце“ ќе се сретне со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, информираат од МВР.



Министрите Тошковски и Дачиќ ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“ што на овој премин заеднички ја спроведуваат Советот за безбедност на сообраќајот на Република Македонија и Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија.