Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека нема да учествуваат во работата на Парламентот поради уапсените шестмина пратеници од нивните редови, со што се доведува под знак прашање и денешната работа на Комисијата за европски прашања.



Без присуство на опозицијата, Комисијата во 13 часот треба да одржи амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците, за која има поднесено 91 амандман од кои над 80 се од опозиционите пратеници.

Денесека е последен ден за амандманска расправа откако во понеделникот Комисијата го усвои дневниот ред со што почна да тече орокот од три дена. Во понеделниот расправа немаше и седницата беше одложена поради отсуство на Министерството за правда кои треба да ја претставуваат владата како предлагач на предлог-законот.

Претседателот на Комисијата Артан Груби изјави дека очекува законот да биде донесен до новогодишните празници.