За 13 часот денеска, граѓани најавуваат протест по трагичната несреќа во која на пешачкиот премин кај „Силбо“ загина 22.годишната Фросина Кулакова, откако беше прегазена од автомобил со кој управувал 20 годишник без возачка и под дејство на алкохол.
„Утре, освен што ќе ги “бојкотирате” маркетите, појдете на “Партизанска”, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот!!! Можеби некој од надлежните ќе отвори очи!!! А, и ние родителите, да си ја чукнеме малку главата!!!“, стои во најавата на социјалните мрежи.
Фросина ќе беше жива ако обвинителството ја завршело работата со возачот убиец Васил
Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола






