Денеска погреб на трагично загинатата Фросина

Дваесет и две годишната модна дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино чиј живот насилно згасна на 29 јануари, ќе биде погребана денеска.



Го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин, кај Силбо, од 20 годишниот возач Васил Jованов.

„Животот уште незапочнат – најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо, ни на земја. За сите пријатели, роднини, колеги. Петок 31.01.2025: капела Бутел од 10 до 11 часот, капела Неготино од 1 до 2 часот попладне и погреб. Почивај во мир мила наша, мила да си при Бога Фросинче“, напиша таткото на Фросина на социјалните мрежи.

„Сестро моја, моја најголема љубов и најголема болка. Животот ме раздели од тебе многу рано, но никогаш нема да те раздели од моето срце. Твојата душа е тука во секој здив што го земам во секоја солза што паѓа. Празнината што ја остави никогаш нема да се пополни, но љубовта што ја делевме ќе живее вечно. Почивај во мир Сосинка ангелу мој. Засекогаш ќе бидеш со мене и со сите нас. Летај со ангелите бати“, стои во објава на Фејсбук.

Кривичниот суд вчера му одреди притвор во траење од 30 дена на Васил Јованов. Како што претходно соопштија од Обвинителството, Јованов бил пијан, возел без возачка и со голема брзина на црвено на семафорите во близина на Универзална сала на булеварот „Партизански одреди“.

Возачот убиец на младата дизајнерка требало претходно да биде осуден до 2,5 години затвор за дилање дрога, тврди скопски адвокат