Денеска треба да биде поднесено обвинението за настаните од „ 27 април“.
Ова го најави јавниот обвинител на РМ, Љубомир Јовески, во интервју за вчерашното издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат-М.
Јовески кој најави прес-конференција во текот на денот го потврди претходно соопштениот писмен став од јавното обвинителство дека ќе нема преквалификација на делото за ниту еден од осомничените/обвинетите во овој случај.
Тоа значи дека сите ќе бидат обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“.
На прашањето дали тоа значи дека сите осомничени/обвинети биле во меѓусебна комуницикација при вршењето на делото, Јовески ниту потврди, ниту демантираше и остави во текот на судскиот процес да бидат презентирани доказите.




