Седницата за конституирање на новиот собраниски состав е закажана за 11 часот и ќе има четири точки.



Најпрво се бира верификационата комисија која има обврска да ги верификува мандатите на пратениците, потоа ќе следи и изборот на Комисијата за избори и именувања.

Според новиот Деловник конститутивната седница најмногу може да трае три дена, а завршува откако ќе биде избран новиот претседател на законодавниот дом кој најверојатно ќе биде првиот човек на Алтернатива Африм Гаши.

Откако претходно претседателот на Собранието Јован Митрески ја закажа, Седницата ќе ја води највозрасниот пратеник, Мерита Колчи Коџаџику, од Демократското движење на Изет Меџити.

Новоизбраните пратеници и официјално ќе седнат во пратеничките фотелји откако пред точно 20 дена добија мандат од граѓаните.

Со конституирањето на новиот собраниски состав ќе се исцрта и новото мнозинство кое, како што е познато ќе го има коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ на што по преговорите што се водат деновиве треба да и се приклучат и коалицијата ВРЕДИ и пратениците од ЗНАМ.