Сончево време во претпладневните часови се очекува денеска, а стабилизирање на времето ќе има при крајот на викендот.
Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје претпладне сончево а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде 18, а максималната 32 степени.
Од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.






