Денеска избор на 47 јавни обвинители

На седница на Советот на јавни обвинители закажана за 10,30 часот се очекува да бидат избрани 47 обвинители во осумнаесет јавни обвинителства.



Најмногу, односно 14 јавни обвинители, треба да се изберат во Основното јавно обвинителство Скопје.

Во Основните јавни обвинителства во Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен и Струга ќе се избира по еден јавен обвинител.

По двајца јавни обвинители ќе се избираат во Основните јавни обвинителства во Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево и Струмица.

Во Основните јавни обвинителства во Куманово, Охрид, Прилеп и Штип ќе се избираат по тројца јавни обвинители.

За Основното јавно обвинителство Тетово треба да бидат избрани четворица обвинители.