И денеска се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.



Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7

Во Скопје сончево и топло – минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, а попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Минималната температурата ќе се движи од 10 до 20 степени, до максимални 29 до 36 степени.

Слично време нѐ очекува и в среда и в четворток…