Сончево време со максимални температури до 38 степени се очекуваат денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).



Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени, а максималната – од 30 до 38 степени.

„Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени“.

Особено топло ќе биде на југоисток во четврток, петок и сабота кога се прогнозира дека температурите ќе достигнат до 39 степени.