Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и облачно. Попладне услови за дожд ќе има во западниот дел од земјата.



Минималните температури ќе се движат од 10 до 21, а максималните температури од 32 до 38 Целзиусови степени.

Утре на места во земјава ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 23, додека максималните од 30 до 39 степени.