Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).за денеска најавија сончево време со мала облачност и умерен север.
Максималната дневна температура во земјава ќе се движи од 27 до 35 степени.
Краткотраен пороен дожд и грмежи се очекуваат само во попладневните часови во планинските подрачја.
Според УХМР, во наредните денови следува период на претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат повисоки за околу два до три степени.






