Денеска во Неготино протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи денеска во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.



Како што беше објавено на општествените мрежи, другарките на Фросина Кулакова, која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние од другите градови, а сакаат за бидат дел од протестот. Според најавата, која се шири на општествените мрежи, од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“. Се повикуваат и студентите да земат учество.

Фросина Кулакова беше прегазена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов, за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и оти минал на црвено светло.