Синоќа, опозициските демонстранти ја нападнаа зградата на премиерот Еди Рама со молотови коктели кога лидерот на Демократската партија Сали Бериша зборуваше на протестот на опозицијата во Тирана.



Нападот на зградата на Владата се случи интензивно во првите 5 минути кога Бериша зеде збор на протестот преку видео врска со „Зум“, објави Јуроњуз.

Пожарот бил веднаш изгаснат од полициските служби кои биле во подготвеност.