Претседателот на Незавсиниот полициски синдикат, Гоце Делчев, денеска упати силна осуда техничкиот премиер Талат Џафери кој вчера упадна во СВР Тетово и ги „проверуваше“ вработените дали работат.
Најчевска: Тој сакал инспектор да биде, а го ставиле премиер
Во изјава за медиумите го нарече некултурно и непристојно однесувањето на Џафери при разговорот со вработените.
„Подалеку политиката од полицијата, ако сакаат да се снимаат, политичарите можеа тоа да го сторат пред предизборието пред полициските станици каде се вадат лични документи и каде граѓани чекаа редици“, рече Делчев.
Делчев уште рече дека не му брани никој на техничкиот премиер да влегува во институцици, но нагласи дека таму не треба да се води политика, а за пропустите кај поединци вработени во полицијата, тоа се проверува по институционален пат.
Тој побара министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.






