19-годишно момче што загина во забавен парк во Грција, се возел навртелешка „набавена“ од од Бугарија, јавуваат бугарски медиуми.
Инцидентот се случил на 19 август во забавен парк во туристичкиот град Пефкохори на Халкидики.
Загина 19-годишник на Халкидики откако се откачило цтолче од вртелешка
Вработен кој работел во забавниот парк рече дека девет од десет опреми во забавниот парк биле без документи – некои украдени од Бугарија – неодржувани, во многу лоша состојба.
„Тие беа за отпад, а сопственикот отиде и ги зеде, ги бојадиса и ги пушти во употреба. Не сега, многу години“, нагласи човекот.
Видеата на грчката телевизија ја покажуваат лошата состојба на опремата и особено на онаа поради која се случи несреќата.
На снимката се гледаат исчезнати завртки, ‘рѓосани делови и големи оштетувања.
Се разјаснува точната причина за несреќата.
Грчките медиуми објавија дека дозволата што сопственикот ја добил минатата година од општина Касандра имала важност два месеци.
Годинава воопшто немал потребна лиценца за работа.






