Делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски, положија венци со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници кои ги загубија своите животи кај месноста Вејце, во одбрана на татковината, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана.
Денеска во касарната „Илинден“ положивме венец со свежо цвеќе пред спомен обележјето на баталјонот за специјални сили искажувајќи длабока почит и вечно сеќавање за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески.
Четворицата армиски припадници, заедно со уште четворица припадници на Министерството за внатрешни работи пред 24 години трагично ги загубија своите животи во одбрана на татковината, кај месноста Вејце.
Вечно ќе ги паметиме по нивната храброст и пожртвуваност кои се пример за несебичната љубов кон службата и кон татковината“ нпиша минстерот за одбрана Мисајловаски
Нека им е вечна слава!
https://www.expres.mk/%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4-24-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b8-%d0%b7%d0%bb/






