Делегација на Бундестагот (парламентот) на Сојузна Република Германија ќе биде денес во посета на Собранието на Република Македонија.
Членовите на германскиот Бундестаг ќе имаат одвоени работни средби со комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, како и за социјална политика, демографија и млади на македонското Собрание.






