Девојче што ти се случи – успешна бизнисменка со прашање за Данела Арсовска

Анета Пешева, бизнисменка, директорка на успешната компанија Ултра и почесен конзул на Канада во земјава поставува прашања до градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со која некогаш биле пријателки и соборци во стопанските комори.



Пешева не може да ја препознае некогашната пријателка од која имала големи очекувања.

,,Ало Данела кај си? Пријателка ми беше кога се боревме со коморите и бевме на исти позиции. Девојче што ти се случи?

Имав многу големи очекувања од тебе, но не ми е јасно каде отиде твојата виспреност, талент за разговор и акција. Знаеш Данела ти си многу помлада од мене, дали си се запрашала после мандатот ШТО?
Знаеш животот е краток, ти дадоа пушка, а ти не пукна од неа. Ние граѓаните во Скопје живееме во мрак, со ѓубре, со ниеден проект реализиран и се останато.

Требаше да направиш жртва и да постапуваш дипломатски заради сите нас кои те гласавме.

Требаше да немаме толку ѓубре насекаде, да имаме сериозен јавен превоз, да имаме сериозни улици и Золошка градина каде не умираат животните секој ден.

Многу ми е жал, бидејки го зацврсти мачоизмот во државава. Наместо да станеме појаки во нашиово патријахално општество, ние жените станавме тема за потсмев за да бидеме на сериозни позиции.
Имаш уште една година, време да си ја поправиш перцепцијата за себе и за нас жените. Како на пријателка ти кажувам”, пишува Пешева во емотивната јавна објава на својот фејсбук профил. 🤔