Девојче тешко повредено на пешачки на „Партизанска“ – возачот уапсен

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката (12) била пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.



Од ВР соопштија дека вчра (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

Против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.