Ангел Димитров, шеф од бугарска страна на Мешовитата комисија за Историски и образовни прашања со Македонија, не губи надеж за бугарштината во Македонија.
„Самото бегство, тој страв од самото спомнување на името на Бугарија – премиерот Мицкоски зборува за ‘источен сосед’, тоа е тип на однесување. Вистината е дека тој страв е самообјаснувачки. Дебугаризација не може да има, бидејќи има гени на сеќавањето“, изјави тој во интервју за Бугарското национално радио (БНР).
„Катарза мора да се случи на полето на науката, а оттука и во политиката и во јавните ставови. Тоа е неизбежно. Северна Македонија се соочува со сериозна дилема – дали да ја следи конфронтирачката традиција вградена во нејзиното минато, која ја претвора во нестабилен дел од Источна Европа и предмет на надворешни интереси, или да се ослободи од тој историски товар што ја врзува за пропадното минато“, додаде поранешниот бугарски амбасадор во Скопје, кој пред неколку дена ја промовира својата нова книга „Бугарија и Република Северна Македонија – Средба меѓу историјата и политиката“.






