Дебакл на Ковачевски во Рим, Европските социјалисти не го примиле на настан

Дебакл на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски во Рим каде пред два дена беше присутен на собир на Партијата на Европските социјалисти.



Ковачевски иако бил повикан не успеал да влезе на собир на европските социјалисти при што направил вербален инцидент и се бунел но сепак организаторите не му дозволиле да влезе на настанот.

Како што јавува влијателниот медиум Политико екс премиерот Ковачевски се лутел што кога веќе бил поканет не смеел да остане на улица.

,,Јас кога канам луѓе ги канам да влезат а не да останат на улица”, изјавил Ковачевски откако бил одбиен да влезе на собирот на елитата на Европските социјалисти.

И покрај обидите да ги убеди организаторите да влезе таму каде што бил поканет Ковачевски не успеал да влезе на настанот организиран на многу посетениот прием на европските социјалисти во Рим.